Мнозинството Американци не ја поддржуваат политиката на својот претседател Барак Обама, 52 отсто, наспроти 47 проценти кои го поддржуваат, покажува ново истражување.
Во САД во декември се отворени само 74.000 нови работни места, што сериозно влијаело на веќе разурнатата слика на граѓаните на САД за заздравување на економијата.
Четвртина испитаници се изјасниле дека силно ја поддржуваат неговата работа, додека 40 отсто кажале дека силно не го поддржуваат начинот на кој Обама ја води земјата.
Негативен став за новиот Закон за здравствено осигурување (Обамакер) 56 отсто избирачи, што е за два отсто помалку отколку во ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


