| четврток, 6 декември 2018 |

Кери му подари компири на Лавров (ВИДЕО)

Американскиот државен секретар, Џон Кери, имаше средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, при што му подари два големи компира.

Кери и Лавров денеска ги почнаа разговорите во резиденцијата на американскиот амбасадор во Париз. Новинарите беа поканети да присустуваат на протколарниот дел од настанот, на кој шефовите на дипломатиите се поздравија, по што Кери им се заблагодари и го замоли да ја напуштат просторијата.

Ненадејно медиумите беа поканети на средбата уште еднаш, при што го снимија почетокот на разговорот.

– Со министерот Лавров разговаравме пред неколку недели и планиравме да го разгледаме прашањето за Сирија – изјави Кери и кажа дека за време на телефонскиот разговор со Лавров се шегувале во врска со компирот одгледан во американската сојузна држава Ајдахо.

– Денеска донесов од тој компир – додаде Кери и од една бела картонска кутија извади два такви компира и му ги подари на рускиот министер, со што предизвика смеа кај двете делегации.

Преговорите продолжија зад затворени врати. Подоцна на Кери и на Лавров треба да им се приклучи и пратеникот на Обединетите нации и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top