| четврток, 6 декември 2018 |

„Вевечанска керф“ – официјално вино на Вевчанскиот карневал

„Вевчанска керф“ е виното што ќе се пие за време на Вевчанскиот карневал. Направено од винарница „Стоби“, станувајќи дел од традицијата на Вевчани, виното е именувано на вевчанскиот јазик, односно „керф“ со значење крв.

Со специјално дизајнирана етикета којашто е инспирирана од карневалот и е направена заеднички со Вевчани,  истата ги отсликува карневалските симболи, ова е првпат винарија да ја поддржи најинспиративната манифестација во Македонија, Вевчанскиот карневал.

– „Вевчанска керф“ е вино создадено за оваа манифестација и е наша ексклузивна чест да бидеме првата винарница што ќе го поддржи карневалот. Во создавањето на етикетата и креирањето на името имавме на располагање толку многу вредности што сакавме да ги врежиме во еден збор и неколку симболи, пред сè традиција, ексклузивност, уникатност, сарказам и моќна метафора. Ова вино со вкус и со изглед ги отсликува сите овие карневалски карактеристики и според тоа претставува вистинскa „Вевчанска керф“, односно крв – изјавија од винарница „Стоби“.

Винарница „Стоби“ на првиот ден од манифестацијата ќе биде домаќин на писателот Дарко Лешоски, кој ќе го промовира второто издание на својата прва книга токму на штандот на „Стоби“ заедно со виното „Вевчанска керф“.

Во текот на четирите фестивалски дена виното „Вевчанска керф“ ќе биде достапно на штандот на винарница „Стоби“ на главната карневалска локација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top