Со победата на Словенија со резултат 35-23 против екипата на Украина, Словенците го освоија првото место во групата, а со тоа изборија и место во бараж за СП во Катар.
Покрај овие две репрезентации, во групата беа и селекциите на Швајцарија и на Луксембург.
Но, тоа не беше она што го обележи натпреварот, туку масовната тепачка на ракометарите на двете селекции. Инцидентот се случил во 46. минута кога Зорман (Словенија) и Шевелев (Украина) добиле црвени картон. Поради тепачката, натпреварот имал речиси получасовен прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.