Легендарната металска група „Металика“ по 22 години повторно ќе настапи на доделувањето на наградите „Греми“ кои ќе се одржат на 26 јануари во Лос Анџелес.
Како што е најавено на нивниот официјален веб-сајт, тоа нема да биде обичен настап бидејќи ќе настапат заедно со кинескиот пијанист Ланг Ланг.
Покрај тоа, „Металика“ е номинирана за најдобар визуелен изглед на албум.
Групата последен пат настапила на доделувањето во 1992 година кога ја доби наградата „Греми“ за најдобар металски изведувач. Досега имаат освеоно девет награди „Греми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.