Вчерашниот пораз на Милан од Сасуоло ја прели чашата, Масимилијано Алегри пред отказ во Милан.
По три и пол години на клупата на Милан италијанскиот тренер до крајот на денот се очекува да добие отказ и на негово место до крајот на сезоната функцијата прв тренер да ја извршува легендата на клубот Пипо Инѕаги, кој е тренер на подмладокот.
Ќерката на претседателот Берлускони, Барбара, со изјавата дека се потребни промени ја најави смената на Алегри.
Инѕаги се поврзува со жешкото тренерско столче бидејќи покрај тоа што борбата за место кое води во некое европско натпреварување одамна е загубена, Милан ќе мора да обезбеди и опстанок бидејќи се наоѓа на само шест бодови од тимовите кои се наоѓаат во опасната зона за испаѓање.
За шеф на стручниот штаб за следната сезона се најавува Кларенс Сидорф, кој нема тренерско искуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим