Во Грција денеска беше приведен пратеник на екстремно десничарската Златна зора, под обвинение дека имал клучна улога во партијата за која грчките власти тврдат дека дејствува како криминална организација.
Притвор е одреден за пратеникот Ефстатиос Букурас, кој е осомничен и за изнуда.
Претходниот ден беа приведени и пратениците Јоргос Германис и Панајотис Илиопулос. Сите тројца се во полициски притвор и се очекува утре да бидат во затвор во Атина.
Сведок го обвини Герменис дека учествувал во регрутирање нови членови за Златна зора и ги обучувал за напади врз имигранти. Уште тројца членови на Златна зора меѓу кои и лидерот Никос Михалолоакос и неговиот заменик се во затвор од октомври лани. Златна зора имаше вкупно 18 од вкупно 300 пратеници во грчкиот парламент
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција