| четврток, 6 декември 2018 |

„Вашингтон пост“: втор бран милиони Американци без здравствена заштита

obama tazen

Америакнскиот весник „Вашингтон пост“ предупредува дека во текот на 2014 година треба да се очекува втор бран од милиони Американци кои ќе останат без здравствена заштита, како резултат на реформата Обамакер.

Досега околу шест милиони граѓани останаа без заштита поради законот кој ги укина нивните постоечки полиси добиени како само-вработени лица, а само околу два милиони беа покриени. Но, Вашингтон пост, врз основа на разговори со осигурителните компании, функционерите и локалните власти, пишува дека новиот бран откажувања ќе биде многу поголем бидејќи ќе се однесува на полисите кои ги држат многу поголемиот број граѓани вработени во компаниите низ САД.

– Дел од писмата со кои граѓаните се информираат дека нивните полиси се укинати веќе се испратени, но најголемиот дел од полисите се очекува да бидат укинати во октомври, непосредно пред изборите за Конгресот на САД. На владејачката Демократска партија ќе и биде тешко да се одбрани од нападите на републиканците околу законот за здравствена заштита. Трансформацијата на пазарот за самостојните работници е само еден од многуте последици на Обамакер, која ќе продолжи да ја трансформира индустријата за здравствен осигурување и во следните години, пишува Вашингтон пост, прогнозирајќи нови политички проблеми за претседателот и неговите поддржувачи.

Законот Обамакер ги забранува осигурителните полиси кои се однесуваат само на најосновната заштита, и бара од граѓаните да купат поскапи полиси кои покриваат поголем број здравствени состојби. Досегашната примена на оваа одредба врз само-вработените доведе до уништување на голем дел од овој пазар и укинување на шест милиони полиси. Обама го одложи стапувањето во сила на делот од законот кој се однесува и на вработените во компаниите, но до крајот на 2014 година сите осигурителни компании ќе мора да ја спроведат и оваа одредба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top