Четворца полицајци се повредени синоќа при судир со група навивачи на фудбалскиот клуб „Шалке 04“ во градот Гелзенкирхен, соопшти денеска германската полиција.
о полицискато соопштение се наведува дека околу 150 навивачи ги нападнале полицајците, кога тие на еден од нив му побарале документ за лична идентификација.
Полицајците била удирани со раце и клоци и мавани со шишиња, камења, па дури и со канти за отпадоци. Напомош на нападнатите полицајци им дошле нивни колеги кои употребиле палки и слозваец за да ги растераат хулиганите.
Обвиненија за нанесување телесни повреди и за нарушување на јавиот ред и мир се покренати против 14 навивачи, од кои четворица се задржани во притвор.
Инцидентот случил кога навивачите се вратиле од Мешеде, каде тимот на „Шалке 04“ со играчи до 23 години настапуваше на фудбалски турнири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Се шегуваа, па ги преминаа сите граници: Еве како француската новинарка се справи со фановите на Барселона (Видео)


