| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец претепан во Прилеп додека разнесувал леб

45-годишниот кавадарчанец И.Т. синоќа околу три часот по полноќ, на улицата „11 Октомври“ во Прилеп, го пресретнале и нападнале засега две непознати лица додека разнесувал леб со комбе.

Разбојниците на кавадарчанецот му одзеле 4.000 денари, а поради повредите кавадарчанецот бил пренесен во Медицинскиот центар во Прилеп.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top