Во Израел денеска е ден на национална жалост поради смртта на поранешниот израелски премиер
Ариел Шарон, кој почина вчера на 85-годишна возраст по осум години минати во кома.
На насловните страници на денешните израелски весници и во ударните термини на радијата и
телевизиите се помесетни содржини посветени на Шарон, како и изјави на негови пријатели и
соработници.
Шарон ќе биде погребен утре на еден рид во близина на семејната вила во јужниот дел на Израел,
покрај неговата сопруга, која почина во 2000 година од канцер
Посмртните останки на Шарон денеска ќе бидат изложени во израелскиот Кнесет, каде граѓаните ќе можат да му оддадат последна почит во периодот од 12 до 18 часот по локално време (од 11 до 17 часот по средноевропско време).
Утре претпладне во Кнесетот ќе се одржи комеморативна седница на која ќе говорат
израелскиот претседател Шимон Перес, премиерот Бенјамин Натанјаху и роднини на Шарон. На утрешниот државен погреб на Шарон, се очекува присуство на голем број странски лидери и делегации, меѓу кои и американскиот потпретседател Џо Бајден, претседателот на руската Државна дума, Сергеј Наришкин и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.