
Вељановски оценува дека нема расположение за уште едни предвремени парламентарни избори.
– За сите отворени прашања, кои сметаат од нивна страна дека се отворени, подготвен сум и јас, како претседател на Собранието, и владејачкото мнозинство, да разговараме. За да се распишат вонредни парламентарни избори треба да има мнозинство од пратениците што ќе изгласаат таква одлука. Јас, како што знам, нема расположение од владејачкото мнозинство за вонредни парламентарни избори, затоа што испаѓа на секоја година или година и пол, да се организираат вонредни парламентарни избори, изјави Вељаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


