Шведските истражувачи објавија дека во Саудиска Арабија пронашле коски на два вида диносауруси, што е прв ваков случај на арабискиот полуостров.
Откритието на коските, опишано во декемврискиот број на весникот Плос оне, се коси со тврдењата на експертите дека во тој дел е невозможно да се најдат остатоци од диносауруси.
Научниците од шведскиот Универзитетот соопштија дека екипата експерти идентификувале два вида диносауруси кои живееле на дел од Блискиот исток.
Ископувањето е спроведено на северозападот на Саудиска Арабија, на крајбрежјето на Црвеното море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.