| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Витни Хјустон се омажи за својот брат

Ќерката на легендарната пејачка Витни Хјустон, Боби Кристина Браун на социјалните мрежи објави дека се омажила за момчето што растело во куќата на Витни како нејзин посвоен син.

Боби Кристина ја шокираше јавноста кога објави дека е во врска со Ник Гордон, кој со години живеел со нив, а Витни се водела како негов старател, иако никогаш официјално не го посвоила.

– Штотуку венчани – напишала покрај сликата ќерката на пејачката.

Витни Хјустон почина во 2012 година, а Боби Кристина кратко по тоа го доби нејзиното реално шоу, во кое објави дека е во врска со Ник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top