| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалник го продава автомобилот за да отвори градинка

– Ќе го продадам и автомобилот и со парите ќе отворам градинка – вака градоначалникот Џон Ковачиќ ќе ја продолжи мисијата да го направи животот во неговиот град поубав. Ковачиќ од годинава раководи со градот Омиш во Хрватска, кој се наоѓа на приморјето помеѓу Сплит и Макарска. Во седум месеци мандат тој спаси колку 9,5 милиони куни, односно 1,2 милиони евра.

Џон Ковачиќ тврди дека не ги намалил платите, ниту пак некој отпуштил. Како што за „Слободна Далмација“ вели „долгот е намален едноставно со дејствување целосно спротивно на мнозинството на хрватски политичари кои дома пијат оцет, а на сметка на државата или градот го нараќуваат најскапиот вино“.

– Не фрламе пари на глупости, не асфалтираме веќе пристапни патишта до секој кокошарник – вели Ковачиќ.

Тој пред еден месец одлучи автомобилот „ауди А4“, сопственост на Доброволната пожарникарска служба, да го замени со цистернам а сега има други планови со својата нова службена „шкода“.

– Автомобил во Омиш не е потребен. Се возам со својот приватен автомобил, а службениот го користев само кога одам во Загреб – вели Ковачиќ. Автомобилот ќе се продава за околу 20 илјади евра кои ќе ги инвестира за уредување на градинка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top