Петнаестгодишниот Пакистанец Ајтаз Хасан загинал при обид да спречи бомбаш-самоубиец да изврши терористички напад во неговото училиште.
Инцидентот се случил во областа Хангу, во северозападниот дел на Пакистан, каде мнозинството од населението се шиити.
Во моментит кога терориститот се подготвувал да го активира експлозивот што го ноасел на себе, во училиштето имало околу две илјади ученици.
Според очевидци на настанот, Хасан играл со група свои врсници во дворот на училиштето во понеделникот, кога забележал човек кој на себе имал елек полн со експлозив, какви што користат исламистичките бомбаши-самоубијци.
Неговите другари побегнале кон училишната зграда, но Хасан се стрчал кон терористот, обидувајќи се да го спречи во неговата намера. Во моментот кога момчето се нашло до него, убиецот го активирал експлозивот. Хасан загинал на самото место на експлозијата, но спречил да настрадаат поголем број негови соученици.
Пакистанската јавност денеска му одава почит на храброто момче, а дел од медиумите побараа на Хасан да му биде доделено највисоко воено одликување за храброст, без разлика што не станува збор за воено лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.