| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Во октомври достигната рекордна невработеност

Невработеноста во Грција во октомври минатата година достигна ново рекордно ниво од 27,8 проценти, со што го надмина претходниот рекорд од 27,7 отсто регистриран во септември, покажуваат податоците на грчката статистичка агенција „Елстат“.

Стапката на невработеност во Грција во октомври била повеќе од двoјно повисока од просекот во еврозоната од 12,1 отсто.

„Елстат“ нагласува дека невработеноста меѓу младите меѓу 15 и 24 години достигнала 57,9 отсто.

Според статистичката служба, вкупно 1,38 милиони лица се невработени, а бројот на невработени на возраст меѓу 25 и 34 години достигнал 37 отсто.

Невработеноста кај лицата меѓу 35 и 44 години изнесува 23,8 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top