| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки кредитни милионери во притвор: банкарски директори, сопственици на бродови и медиумски магнати

Hellenic Postbank Strike in AthensГрчката полиција привела двајца поранешни извршни директори на грчката Постбанк, сопственици на бродови и медиумски магнати поради банкарски скандал. Властите се во потрага и по други кредитни милионери вмешани во извлекување на пари од банката. Само од Постбанк во тек на пет години издал кредити во висина од 200 милиони евра. Истрагата покажала дека уште десет други банки кои дале 300 милиони евра без покритие.

Државата поседува 34 проценти од Постбанк, а според истрагата таа е во загуба од најмалку половина милијарда евра. Ова е трета грчка банка која тоне во кредитни долгови. Во притвор се двајца поранешни директори и петмина сопственици на бродови. И сопственикот на ТВ Алфа е меѓу кредитните милионери. Со потерница се бара познат бизнисмен кој својата канцеларија ја преместил во Лондон, како и семејство, кое без покритие добило кредит од 20 милиони евра.  Медиумите објавуваат дека меѓу нив е и братот на поранешниот премиер Папандреу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top