| четврток, 6 декември 2018 |

Грција на чело на ЕУ – Македонија пред нова блокада

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ма­ке­до­ни­ја на пос­лед­ни­от са­мит на Европ­ска­та уни­ја не го до­би тоа што го зас­лу­жу­ва и тоа што го по­са­ку­ва, а при­чи­ни­те не беа ни­ту ба­нал­ни ни­ту ре­зул­тат на не­ка­ква кон­фу­зи­ја во Бри­сел. Нај­го­ле­ми­от дел од јав­но­ста сме­та де­ка са­мо до­се­гаш­на­та пра­кти­ка во ко­ја Гр­ци­ја ру­тин­ски ја бло­ки­ра­ше зем­ја­та на пос­лед­ни­от со­ста­нок на ше­фо­ви­те на дип­ло­ма­ти­и­те и по­доц­на на др­жа­ви и вла­ди е при­чи­на­та за нај­но­ва­та ма­ке­дон­ска бло­ка­да. Но, не е са­мо тоа. Има уште не­што.

goran-kol-23-1

„Да се ка­же де­ка Гр­ци­ја мо­же да ја во­ди це­ла­та Европ­ска уни­ја е ка­ко да се ка­же де­ка не­ко­ја од ба­на­на ре­пуб­ли­ки­те во Ла­тин­ска Аме­ри­ка мо­же да ја про­ме­ни над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка на САД“
Арис Ха­џи­сте­фа­ну, но­ви­нар

Во си­ту­а­ци­ја ко­га си­те, па ду­ри и грч­ки ин­те­ле­кту­ал­ци, се сог­ла­су­ва­ат де­ка Гр­ци­ја не­ма ка­па­ци­тет да про­ме­ни ни­што на ни­во на ЕУ, вла­да­та на Са­ма­рас ќе се оби­де да ги истур­ка сво­и­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си до­де­ка ја има в ра­це пал­ка­та со Уни­ја­та. Ви­со­ки прет­став­ни­ци на грч­ко­то Ми­ни­стерс­тво за над­во­реш­ни ра­бо­ти, кои со ме­се­ци го ко­ор­ди­ни­ра­ат грч­ко­то пре­тсе­да­телс­тво со ЕУ во се­ди­ште­то во Бри­сел, кое поч­на на пр­ви ја­ну­а­ри, на си­те свои парт­не­ри од зем­ји­те-член­ки ин­ди­рект­но им да­ле до зна­е­ње за грч­ка­та аген­да кон Ма­ке­до­ни­ја во на­ред­ни­те шест ме­се­ци. Спо­ред нај­а­ви­те од Ати­на, се до ју­ли, ко­га Ита­ли­ја го ме­ну­ва јуж­ни­от со­сед ка­ко пре­тсе­да­вач со Уни­ја­та, Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де изо­ли­ра­на во си­те европ­ски актив­но­сти на кои пре­тсе­да­ва­чот има вли­ја­ние, а та­кви се мно­гу. Ако на но­ва­та фор­мал­на по­зи­ци­ја на Ати­на се до­да­де „тр­гов­ски­от“ дух на грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја, ко­ја­што се­ко­гаш со не­ви­де­ни акро­ба­ции ус­пе­ва да ги по­крие не­га­тив­ни­те пос­ле­ди­ци од грч­ка­та не­прин­ци­пи­ел­на по­ли­ти­ка за Ки­пар, Тур­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја, фи­нан­си­ска­та (не)ста­бил­ност, то­гаш Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да би­де под­го­тве­на за дла­бо­ка изо­ла­ци­ја сѐ до ју­ли, но и по­та­му за вре­ме на ита­ли­јан­ско­то пре­тсе­да­телс­тво за­тоа што и то­гаш, по­ра­ди ко­ор­ди­на­ци­ја­та ме­ѓу акту­ел­ни­от и след­ни­от пре­тсе­да­вач, Ати­на ќе има сил­но вли­ја­ние врз актив­но­сти­те на ЕУ.

Кол­ка­ва е мо­ќта на Гр­ци­ја да нѐ бло­ки­ра и во пер­и­о­дот во кој таа ќе ги на­со­чу­ва кра­тко­роч­ни­те по­ли­ти­ки на ЕУ мо­же да се ви­ди нај­до­бро пре­ку при­ме­рот од Европ­ски­от пар­ла­мент. Во оваа ин­сти­ту­ци­ја Гр­ци­ја има 22 пра­те­ни­ци, а грч­ки прет­став­ни­ци се пре­тсе­да­ва­чи или ко­пре­тсе­да­ва­чи во нај­мал­ку два­е­се­ти­на ко­ми­сии и ко­ми­те­ти. Со бе­скрај­ни пре­го­во­ри и ма­те­ма­ти­ки Ати­на да­ва под­др­шка на дру­ги зем­ји за пра­ша­ња за кои таа не­ма ин­те­рес со цел да до­бие под­др­шка на дру­ги по­ли­ња. Са­мо за спо­ред­ба кол­ку е функ­ци­о­нал­на грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја, Гер­ма­ни­ја, ко­ја има осум­де­сет евро­пра­те­ни­ци, сво­е­то вли­ја­ние го ко­ри­сти са­мо во де­се­ти­на те­ла на ЕП. При­тоа за грч­ки­те евро­пра­те­ни­ци не­ма ни­ту иде­о­ло­шки ни­ту пар­ти­ски раз­ли­ки, си­те тие, без раз­ли­ка на сво­и­те убе­ду­ва­ња, учес­тву­ва­ат во тр­го­ви­ја­та од ко­ја ин­те­рес има грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја и др­жа­ва. Осо­бе­но ко­га се ра­бо­ти за пра­ша­ња по­вр­за­ни со Ма­ке­до­ни­ја и со Ки­пар. Од тој ас­пект, Ма­ке­до­ни­ја и во на­ред­ни­те шест ме­се­ци тре­ба да оче­ку­ва це­лос­но за­мрз­ну­ва­ње на ин­те­гра­ци­ја­та во ин­сти­ту­ци­и­те на ЕУ.

goran-kol-23-2

Не­при­стој­на по­ну­да за Фи­ле

Фа­ктот што оваа го­ди­на се ме­ну­ва со­ста­вот на Европ­ски­от пар­ла­мент и на Европ­ска­та ко­ми­си­ја со­се ко­ме­са­ри­те ѝ да­ва на Ати­на до­пол­ни­тел­на вред­ност за­тоа што од сво­ја­та по­зи­ци­ја ќе мо­же да вли­јае врз до­го­во­ри­те и ло­би­ра­ње­то. Ед­на од глав­ни­те це­ли на грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја во овој кон­текст е евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње Ште­фан Фи­ле, кој прин­ци­пи­ел­но и про­фе­си­о­нал­но се за­ла­га за по­че­ток на пре­го­во­ри за Ма­ке­до­ни­ја и чии ам­би­ции се го­ле­ми. По­крај Че­хот, на спи­со­кот на Ати­на се и де­се­ти­на дру­ги евро­пра­те­ни­ци и би­ро­кра­ти кои до­се­га по­сто­ја­но би­ле на стра­на­та на Ма­ке­до­ни­ја, а кои во но­ва­та вла­да на ЕУ се гле­да­ат по­ви­со­ко во хи­е­рар­хи­ја­та. Кол­ку од нив ќе ус­пее да „ку­пи“ грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја со сво­и­те „тр­гов­ски“ прин­ци­пи ќе се знае во ју­ли.

Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те на „Ре­пуб­ли­ка“, но­ва­та грч­ка бло­ка­да не­ма да би­де ка­ко таа во 90-ти­те го­ди­ни ко­га јуж­ни­от со­сед пра­ктич­но ни ги сим­на рам­пи­те на „Ме­џит­ли­ја“. Но, пос­ле­ди­ци­те мо­же да би­дат и по­ло­ши. Иде­ја­та на Ати­на е во на­ред­ни­те шест ме­се­ци да го за­пре и са­мо­то спо­ме­ну­ва­ње на кра­тен­ка­та ФИРОМ, по што во ЕУ би се соз­дал пре­се­дан кој тре­ба да го сле­дат и дру­ги­те член­ки. Ар­гу­мен­ти­те на Гр­ци­ја се де­ка Ма­ке­до­ни­ја е таа што са­ма се бло­ки­ра и де­ка сѐ до­де­ка не се „вра­зу­ми“, тре­ба да би­де оста­ве­на на­стра­на. По­ра­ди Ма­ке­до­ни­ја се оче­ку­ва и це­ли­от па­кет актив­но­сти по­вр­за­ни со про­ши­ру­ва­ње­то да би­де ста­вен, пра­ктич­но, ад акта за­тоа што не­ма ло­ги­ка да се го­во­ри за но­ви член­ки, а да не ста­не збор за Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја иа­ко ги ис­пол­ни си­те кри­те­ри­у­ми, сѐ уше не мо­же да поч­не пре­го­во­ри. Од дру­га стра­на, се оче­ку­ва Са­ма­рас и Ве­ни­зе­лос да про­дол­жат јав­но да ја ко­ри­стат ре­то­ри­ка­та во ко­ја Гр­ци­ја е нај­го­ле­ми­от под­др­жу­вач за влез на си­те бал­кан­ски зем­ји, ка­ко што се слу­чи на де­кем­ври­ски­от са­мит со под­др­шка­та за Ср­би­ја и за Ал­ба­ни­ја.

goran-kol-23-3

По­по­ски со ал­тер­на­тив­на аген­да

Сѐ на сѐ, ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја, Ни­ко­ла По­по­ски, во на­ред­ни­ве шест ме­се­ци ќе мо­ра да гра­ди па­ра­лел­на и раз­лич­на аген­да од таа што ја има­ше до ја­ну­а­ри ко­га дру­ги зем­ји беа пре­тсе­да­ва­чи со ЕУ. Ду­ри и да би­де по­ка­нет, не мо­же да оче­ку­ва де­ка ќе до­бие мож­ност за пре­зен­та­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те ос­тва­ру­ва­ња на са­ми­ти­те и ми­ни­стер­ски­те сред­би, ка­ко та­ка­на­ре­че­ни­те „гимних со­ста­но­ци“ или на дру­ги ре­ги­о­нал­ни кон­фе­рен­ции ка­де што ЕУ е спон­зор или ор­га­ни­за­тор. По­по­ски ќе мо­ра да ба­ра за­о­би­кол­ни па­ти­шта до про­стор за на­мет­ну­ва­ње на на­ша­та ви­сти­на, а тој по­стои иа­ко до ју­ли ќе би­де ми­ни­ма­лен.

Сите претседавачи со ЕУ до 2020

Гр­ци­ја – ја­ну­а­ри-ју­ни 2014

Ита­ли­ја – ју­ли-де­кем­ври 2014

Ле­то­ни­ја – ја­ну­а­ри-ју­ни 2015

Лу­ксем­бург – ју­ли-де­кем­ври 2015

Хо­лан­ди­ја – ја­ну­а­ри-ју­ни 2016

Сло­вач­ка – ју­ли-де­кем­ври 2016

Мал­та – ја­ну­а­ри-ју­ни 2017

Обе­ди­не­то­то Кралс­тво – ју­ли-де­кем­ври 2017

Есто­ни­ја – ја­ну­а­ри-ју­ни 2018

Бу­га­ри­ја – ју­ли-де­кем­ври 2018

Ав­стри­ја – ја­ну­а­ри-ју­ни 2019

Ро­ма­ни­ја – ју­ли-де­кем­ври 2019

Фин­ска – ја­ну­а­ри-ју­ли 2020

(објавено во 70. број на неделникот „Република“, 3.01.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top