| четврток, 6 декември 2018 |

Се сврши синот на Цеца

Младиот Вељко Ражнатовиќ на профилот на „Фејсбук“ објави фотографија со својата девојка Маша Терзиќ која на раката има свршенички прстен.

Седумнаесетгодишниот Вељко по само еден месец врска реши да ја побара за жена  ќерката на Ѕвездан Терзиќ, претседателот на ОФК Београд.

На „Фејсбук“ се појави фотографијата од свршеничкиот прстен на неговата девојка.

Под фотографијата Вељко напишал: „Госпоѓа Ражнатовиќ, народе“.

Цеца нејзината идна снаа ја запознала на нивната слава Свети Никола и тогаш рекла дека никогаш нема да се меша во изборот на нејзините деца.

prsten

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top