Лондон е најскап град за живеење во светот, а од 193 градови, Скопје се најде на 178. место на листата на „Експатистан”, која се занимава со споредување на трошоците на живот во светски градови, а пренесува „Нетпрес“.
Месечна кирија за стан во Лондон во просек е околу 4.250 долари,а за месечен билет за јавен превоз граѓаните трошат околу 215 долари.
Во листата на пет најскапи градови се најдоа Осло, Женева, Цирих и Њујорк. За споредба се земени цените на храната, лековите, превозот, месечната кирија…
Скопје, пак, се најде на дното на листата, меѓу Техеран, Гвадалахара, Дака, Мумбаи и Каиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.