| четврток, 6 декември 2018 |

Станија: Ќе ги откријам сите мажи со кои сум спиела

Старлетата Станија Добројевиќ во едно интервју изјави дека од неодамна пишува блог и има многу фанови, верува дека нејзината книга ќе наиде на симпатии од публиката и не може да го дочека денот кога ќе се најде во продажба.

Станија решила дека сега е вистинското време да почне да ја пишува својата автобиографија која ќе биде исполнета со занимливи детали од нејзиниот живот.

– Мислам дека сега е идеален момент за мојата автобиографија. Не сакам да откривам многу детали за тоа, но можам да кажам дека ќе биде многу интересна, полна со детали за моето детство, загинувањето на мојот татко, но и сите мажи кои сум ги имала во животот – изјави Станија.

Во овој чекор има голема поддршка од семејството и пријателите, а открива дека во книгата место ќе добијат и многу познати личности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top