Влада Станојевиќ од следниот вторник ќе биде новиот водител на „Икс-фактор“, тврди српски „Курир“.
Поради многубројните лоши коментари, кои следеа по водителското фијаско на првата емисија во живо на поранешниот кандидат во шоуто, Славко Калезиќ, продукцијата одлучи да го замени и наместо актерот, постави вистински водител, се наведува во текстот.
– Иако продуцентите мислеа дека со новото лице ќе се освежи шоуто, лошите реакции на публиката покажаа дека направија грешка во процената. Експериментот имаше контраефект, па за да ја поправат грешката, решија што поскоро да го ангажираат проверениот водител на „Пинк“ – открива извор близок до продукцијата.
– Точно е дека контактираа со мене и јас сум среќен што ќе бидам дел од најголемото светско музичко шоу – потврдил познатиот српски водител Станојевиќ за таблоидот.
Од продукцијата, пак, засега тврдат поинаку.
– Славко Калезиќ останува водител на шоуто. Новата регионална ѕвезда ќе продолжи да го води „Икс-фактор – изјавиле тие на прес-конференцијата.
Актерот Славко Калезиќ не ја помина фазата „домовите на судиите“, а токму неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ го предложил на оваа позиција. Продукцијата долго време бараше некој кој ќе го замени актерот Бане Јевтиќ, досегашниот главен водител, па понуда беше испратена и до актерот Никола Ѓуричко.
Бане сега се јавува во живо од зад сцената заедно со македонската водителка Снеже Велков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.