| четврток, 6 декември 2018 |

Обама на консултации со шефовите на разузнавачките служби

Претседателот на САД, Барак Обама,  разговараше со шефовите на американските разузнавачки служби во пресрет на донесувањето на конечната одлука за правецот на движење на програмата за собирање податоци.

Обама се сретна со шефовите на НСА, ЦИА, ФБИ и директорот на националната разузнавачка служба во рамки на серијата разговори со претставниците на двете страни во дебатата за воспоставувањето рамнотежа меѓу приватноста и националната безбедност, пренесе Танјуг.

– Ова е важна можност за претседателот директно да слушне од својот тим додека се подготвува да донесе конечна одлука за тоа во кој правец ќе одиме со клучните програми за собирање разузнавачки податоци – изјави портпаролот на Националниот савет за безбедност, Кетлин Хајден.

На разговорот со шефовите на разузнавачките служби присуствувал и американскиот потпредател Џо Бајден, како и државниот обвинител Ерок Холдер.

Се очекува Обама до крајот на јануари да ги изнесе своите заклучоци за запирањето на масивната програма за прислушување, што ја спроведувала НСА, а што ја обелодени нејзиниот поранешен службеник Едвард Сноуден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top