По наредба на истражен судија доцна попладнево на 31-годишниот М.Ј. од Кавадарци одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. По одредувањето на мерката М.Ј. ќе биде спроведен во Истражниот затвор во Скопје, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, пренесува МИА.
М.Ј. е осомничен дека до смрт го претепал својот сограѓанин Дејан Д. на 30 декември минатата година. Тој беше приведен синоќа, а во текот на денешниот ден беше на распит во полициската станица Кавадарци. По поднесената кривична пријава беше изведен и пред јавен обвинител.
– По преземени оперативно тактички мерки во соработка со Основното јавно обвинителство Велес, синоќа во 18:50 часот од слобода е лишено лице за кое постојат основи за сомнение дека сторило кривично дело убиство, рече Стојковска.
Таа нагласи дека според сознанијата и документираниот материјал „постојат основи за сомневање дека осомничениот на 30 декември лани во времето од 8:15 до 8:30 часот го пресретнал сега починатиот пред зграда на улица „Ваташа“, физички го нападнал, удирајќи го со раце и со нозе во пределот на главата и телото по што се оддалечил во непознат правец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)