| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава помалку заболени од грип, ама се очекува бројот да порасне

Со малку повеќе од пет илјади регистрирани заболени од грип, оваа година е година во која што има помалку заболени, но се очекува нивниот број да се зголеми во следните три недели. Ова е заклучок на Комисијата за следење на состојбата со грип.

Во пандемската, 2009 година Комисијата регистрирала 58 илјади заболени, а во некои години имало и меѓу 80 и 90 илјади заболени од грип.

– Остануваат препораките и за населението и за здравствените работници. Се потсетуваат матичните лекари и сите останати здравствени работници да го даваат лекот тамифлу кој не е токсичен, а многу е потребен за спасувањето на здравјето и животот за поедини групи лица посебно за ризичните групи-хронично болните, бремените жени и малите деца. Потсетување за болниците, за сместувачките капацитети – ограничување на посетите во овој период бидејќи се работи за сезона на грип, а доколку се дозволат, тие да бидат со посебни заштитни мерки на лицата кои влегуваат внатре во објектите – изјави Јованка Костовска од министерството за здравство.

Останува препораката до населението – доколку има симптоми на грип, тој се лекува во домашни услови со лежење и одмор, да не одат на работни места бидејќи имаме податок од матичните лекари дека пациенти со полесна клиничка слика одат на работните места и за два три дена состојбата им се влошува.

– Препораките опфаќаат одржување хигиена во здравствени, образовни, социјални објекти и во јавниот превоз, истакна Костовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top