Патрик Квинси, обвинителот од Албертвил, Франција, изнесе детали од истрагата за падот на Михаел Шумахер. Тој вели дека филмот од камерата на кацигата на Шумахер е многу јасен и дека ќе се испитува од полициските експерт за планинарење.
Инспекторите утврдиле дека сигнализацијата на падините е во согласност со прописите, но областа каде што паднал Шумахер е „дива територија“, па не била обележана, и со тоа може да биде опасна.
Квинси на прес-конференцијата рече дека на истрагата ќе ѝ биде потребно време да се утврди дали областа каде што бил на скијање може да се класифицира како „официјална писта“ во францускиот закон.
Тој рече дека Шумахер очигледно е многу добар скијач, но не бил во можност да забави во карпестата област на падина каде што паднал.
Опишувајќи го редоследот на настаните откако поранешниот возач на Формула 1 излегол од пистата, вели дека во еден момент неговите скии допираат карпа, тој губи рамнотежа и паѓа напред и со главата удира камен кој е 3,5 метри подолу.
„Карпата во која удрил е осум метри оддалечена од работ на пистата, а Михаел Шумахер на теренот онесвестен е девет метри од работ на пистата. Тоа се информациите што ги имаме во врска со истрагата“.
Претходните прегледи на снимката од камерата го потврдуваат редоследот на настаните, додава Патрик Квинси, обвинителот од Албертвил, Франција.
– Истрагата сѐ уште не била во можност да ги потврди наводите дека Шумахер тргнал на помош на член на семејството кога паднал или во врска со брзината со која тој се движел – изјави Квинси .
Началникот на полицијата, Стефан Бозон, на прес-конференцијата вели дека Шумахер ја зголемува брзина кога влегол во поостриот дел надвор од пистата и дека тој се обидел да забави, но имал тешкотии поради природата на падината.
Што се однесува до скиите, тие се во перфектна состојба, како нови, и би додал дека тие не се причината за паѓањето. Истото се однесува и на врската меѓу чизмите и скиите, додава Бозон.
Квинси додава дека иследниците разговарале со итните служби и лекарите кои дошле на местото на несреќата.
Канцеларијата на обвинителот на Албертвил годишно врши околу 50 истраги за сериозни несреќи при скијање и планинарења.
Шумахер беше на скијање во францускиот одморолиште Мерибел, каде што падна и ја удри главата во карпа. Падот го остави во критична состојба и тој е во медицински индуцирана кома од 29 декември.
Во понеделникот извор изјави дека има „мало подобрување“, во стабилна, но критична состојба.
Првично се шпекулираше дека Шумахер се движел до 100 километри на час пред да падне откако беше откриено дека кацигата се раздвоила од ударот. Но следните извештаи сугерираа дека тој се движел во „лежерно темпо“ до 20 километри на час. Камерата поврзана со кацигата на Шумахер се испитува во надеж дека тоа ќе се открие повеќе за околностите на неговата несреќа.
Шумахер, познат како Шуми меѓу навивачите, е најуспешен возач во историјата на Формула 1, со рекорд од 91 победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пет причини за падот на вредноста на турската лира
-
Летав 30 метри – поранешниот голман на Каљари раскажува како го преживеал падот од надвозникот
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша