| четврток, 6 декември 2018 |

Божикен ручек за 400 деца

boziken-post-595x320

Денеска по осми пат, Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп, организира Божикен ручек за децата од Македонија.

– Годинава Божикниот ручек е за 400 деца од Скопје, Ресен, Штип, Битола, Струмица, Прилеп. На заедничка трпеза ќе седнат: децата без родители, децата на бранителите, деца со посебни потреби, како и деца членови на Детската амбасада за сите деца во светот, изјави Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината организација.

На божикниот ручек кој ќе се одржи во прилепскиот хотел „Кристал палас“, поканети се и деца од други верскиз заедници: од исламската, католичката, еврејската и од евангелско-методистичката.

Оваа година „Орденот за носител на мирот“ че му биде доделено на митрополитот Петар, кој и ќе го благослови божикниот ручек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top