Повторно поразен тимот на македонскиот кошаркар, Перо Антиќ. Атланта загуби од Бруклин со 91:86. Антиќ на теренот остана 18 минути, постигнувајќи осум поени, а зад неговото име се запшани и три скокови, од кои еден офанзивен и два дефанзивни.
Антиќ погоди два пати за три поени од шест обиди, а имаше иста реализација и во обидите за два поени.
Во таборот на Атланта најефикасни беа Џеф Тиг и Пол Милсап кои уфрлија по 16 поени, додека кај Бруклин Џо Џонсон постигна 23 поени.
НБА резултати:
Филаделфија – Минесота 95:126
Бруклин – Атланта 91:86
ЛА Клиперс – Орландо 101:81
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.