Кај и да си, за Божик дома да си – ова правило важи во домот на познатата српска пејачка Светлана Ражнатовиќ. За новогодишната ноч, нејзините деца Вељко и Анастасија биле со свои пријатели, но за Божик, мора да бидат дома.
-Се додека не основаат свои семејства, Вељко и Анастасија мора да бидат дома за најрадосниот христијански празник. Тие знаат дека моја желба е секогаш да бидеме заедно за Бадник и Божик, и не прашуваат многу околу тоа, каде и да биле си доаѓаат дома – вели Цеца.
Таа од смртта на нејзиниот сопруг, па се до неодамна била глава на семејството. Но од пред неколку години, кога нејзиниот син Вељко порасна, неговата мајка му ја предала улогата на домаќин.
– Бадниковото лепче го дели Вељко, како машка глава во нашата куќа, а ние останатите фрлме пари и жито. Познато е дека не се гордеам со своите кулинарски вештини, бидејќи не сум вешта кога станува збор за подготовка на храна. Сепак, мислам дека сум одлична домаќинка, бидејќи знам да дочекам гости и да организирам се да биде како што треба. Моите родители сакаат да донесат или пратат печење, колачи и многу повеќе за празниците, па така трпезата е секогаш богата – вели пејачката.
Божик е нејзиниот омилен празник уште од детството.
– Божиќните ритуали ме радуваат, а среќна сум што имав можност да ги научам и своите деца да ја ценат традицијата и обичаите да ги прават на вистински начин, како што сестра ми и јас научивме во детството. Ниту дарувањето не изостанува, се радувам на подароците кои ги добивм, но најсреќна сум кога ќе го погодам вкусот на децата и внуците – заклучува Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.