Левораките ракометни бомбардери немаат дерман од повредите непосредно пред стартот на Европското првенство, а во Данска нема да ги гледаме одличните Ким Андерсен, Ласло Наѓ, Александер Петерсон и Алекс Душебаев. Последен во низата беше десниот бек на македонскиот шампион Душебаев, кој се повреди на подготвителниот тест-натпревар на Шпанија против Бразил.
Големата надеж на шпанскиот ракомет има фрактура на коска во дланката и ќе паузира околу два месеци, што значи дека нема да игра за актуелниот светски првак во Данска, ниту за Вардар во февруарските мечеви од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.