| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца повредени во сообраќајка кај Каратманово

policijaНоќеска во тешка сообраќајна несреќа на патот Велес – Штип кај Каратманово три момчиња се повредени.

Во возило Голф 4, повредените се враќале од забава од Лозово. Според неофицијалните информации, нивното возило излетало од патот и паднало во ендек.

Сите  повредени С.Б. (30), С.С.(30) и Ј.А. (25) биле од  Иванковци.

До несреќата најверојатно дошло поради лошите временски улови, проследени со густа магла.

Двајца од повредените, поради тешките повреди морале да бидат транспортирани во Скопје, а третиот останал во болница во Велес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top