Ноќеска во тешка сообраќајна несреќа на патот Велес – Штип кај Каратманово три момчиња се повредени.
Во возило Голф 4, повредените се враќале од забава од Лозово. Според неофицијалните информации, нивното возило излетало од патот и паднало во ендек.
Сите повредени С.Б. (30), С.С.(30) и Ј.А. (25) биле од Иванковци.
До несреќата најверојатно дошло поради лошите временски улови, проследени со густа магла.
Двајца од повредените, поради тешките повреди морале да бидат транспортирани во Скопје, а третиот останал во болница во Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


