Со измените во Законот за персоналниот данок на доход и Законот за даночна постапка , се воведуваат неколку новини за трговците поединци и самостојните вршители на дејност (нотари, адвокати, стоматолози, занаетчии, сметководители, уметници и др.), информираат од Управата за јавни приходи, објави „Охрид њуз“.
Самооданочување за персоналниот данок на доход, односно аконтацијата на персоналниот данок се плаќа до 15-ти во тековниот за претходниот месец, во износ од 1/12 (една дванаесттина) од пресметаниот данок во Годишниот даночен биланс, при што аконтацијата на персоналниот данок за месец јануари 2014 година треба да се плати во висина на платената аконтација за месец декември од 2013 година.
Задолжително е електронско поднесување на даночни биланси за персонален данок – за остварената добивка или загуба од работењето за 2013 година, задолжително треба да се поднесат по електронски пат Билансот на приходи и расходи (Б) и Годишниот даночен биланс (ПДД-ДБ), најдоцна до 15 март 2014 година.
Доколку трговците поединци и самостојните вршители на дејност, покрај приходите од вршење на самостојна дејност во 2013 година, оствариле и други приходи, имаат обврска да поднесат и Годишна даночна пријава, најдоцна до 15 март 2014 година.
На даночните обврзници кои нема да ги достават даночните биланси и пријави во законски предвидениот рок до 15 март 2014 година, Управата за јавни приходи ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Внимавајте каде се движите, скопската полиција денеска овде казнува несовесни пешаци (ФОТО)
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ