Пејачката и актерка, Џенифер Хадсон, овој Божик била повеќе од дарежлива. Таа на својот долгогодишен асистент му приредила вистинско изненадување за празникот, купувајќи му куќа, која му ја дала како подарок, а тој не можел да поверува и бил пресреќен.
Асистентот Волтер Вилијамс не можел да ги скрие своите емоции, почнал да вреска од среќа и на крајот скокнал врз Џенифер во знак на благодарност.
Волтер скокал од возбуда, а потоа се затрчал кон глумицата, која се обидувала да побегне, но безуспешно бидејќи тој успеал да ја фрли на каучот.
– Што? Вау, биле единствените зборови кои успеал да ги каже пресреќниот асистент откако добил куќа на подарок.
Џенифер и Волтер се познаваат уште од основно училиште, а актерката својот асистент го смета и за најдобар пријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.