| четврток, 6 декември 2018 |

Вработена во битолски музеј осомничена за измама

Триесетгодишна битолчанка вработена во битолскиот музеј е осомничена дека изиграла свои сограѓани за речиси 60.000 евра, соопшти полицијата.

bitola muzej

Од битолската полиција велат дека поднеле кривична пријава за Ј.М.(30) од село Новаци, Битолско, вработена во „НУ Завод и Музеј“-Битола по кривично дело измама. Во периодот од октомври 2011 година до ноември 2012 година, таа со лажно прикажување факти довела во заблуда шест лица од Битола да ѝ дадат заем за невладината организација „ДЕВА-М“ со цел аплицирање за добивање проект за едукација на жените во руралните средини, притоа ветувајќи дека заемите ќе им бидат вратени за период од три месеци плус парична награда. Откако парите, околу 3.520.000 денари ѝ биле дадени, битолчанката си ги присвоила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top