Седум бутици во Скопје се казнети од Пазарниот инспекторат бидејќи за време на новогодишните празници нуделе лажни попусти. Како што пренесува интернет порталот „Телеграф.мк“ се работи за бутици низ поголемите трговски центри на градот кои треба да платат глоба од 2.400 евра, или половина од оваа вредност ако платат во рок од осум дена, бидејќи ги измамиле граѓаните.
– Трговците многу добро ги знаат правилата, но се прават дека нешто не им е јасно и намерно прават финти со цените. Пишуваат дека попустот е 70 отсто, но тоа не е точно, бидејќи производот го вратиле на првобитната цена па потоа го пресметале попустот. Или производи со грешка ги продаваат заедно со останатите производи по иста цена – велат од инспекторатот за Телеграф.
Инспекторатот апелира граѓаните да пријават било каква неправилност која ќе ја забележат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.