| четврток, 6 декември 2018 |

Полициски службеник спречи самоубиство во битолско

Вистинска драма се одвивала пред два дена во Битола. Во полициската станица било пријавено дека околу 16,30 часот, во
битолското село Крстоар, маж се обидувал да изврши самоубиство со бесење.

Според податоците од полицијата, се работи за 65-годишниот А.С. од Битола кој се качил на тераса со кабел, по што за среќа, полициски службеник без да биде забележан, пришол до битолчанецот и му го исекол кабелот, а потоа го симнал од терасата и итно го пренел во болница каде и е задржан на лекување.

Засега не е познат мотивот поради кој А.С. сакал да се самоубие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top