| четврток, 6 декември 2018 |

Касиљас стана татко

Легендата и капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас стана татко за прв пат.

Неговата поубава половина, познатата шпанска новинарка Сара Карбонеро на свет го донела нивниот син Мартин Касиљас Карбонеро.

Икер и Сара се во врска од 2009 година, а никогаш не им дозволиле на папараците да ги фотографираат во јавност.

А за тоа каков спортист ќе биде малиот Мартин доколку ги повлече карактерот и талентот на неговиот татко, нема потреба да зборуваме понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top