| четврток, 6 декември 2018 |

Платиле 2.500 долари за дружење со Бритни, таа не се појавила

Верните фанови одвоиле 2.500 долари како би се запознале и позборувале со нивниот идол, меѓутоа пејачката Бритни Спирс од бекстејџот заминала побрзо отколку што дошла.

Фановите кои платиле 2.500 долари за да се дружат со омилената пејачка за време на нејзиниот настап во Лас Вегас, парите ги фрлиле во ветар, бидејќи Бритни во нивно друштво се задржала дури 3 секунди.

Во цената биле вклучени и седишта во првиот ред, маица со ликот на пејачката, постер со нејзин потпис, но и запознавање и разговарање со неа позади сцената.

– Додека се договараа со луѓето од организацијата, на фановите им било кажано дека не смеат да ја допираат Бритни, ниту да и носат подароци. Кога конечно се појавила, се сликала со нив цели 3 секунди и потоа веднаш заминала – вели извор за „Радар онлајн“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top