| четврток, 6 декември 2018 |

Прекин на железничкиот сообраќај Скопје – Велес

Возовите од Скопје кон Велес и обратно, од Велес кон Скопје, денеска нема да сообраќаат соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје. Причина за прекин на сообраќајот, велат од претпријатието, се техничко-технолошки потреби.

На патниците кои ќе ги користат услугите на возовите 613 (Скопје – Гевгелија), 643 (Скопје – Битола), 651 (Скопје – Кочани) ќе им се обезбеди трансфер со автобус од Скопје до Велес откаде ќе го продолжат патувањето со воз.

Во исто време корисниците на услугите од возовите 650 (Кочани – Скопје), 632 (Гевгелија – Скопје) и 642
(Битола – Скопје) со автобуси ќе бидат префрлени од Железничка станица Велес до Скопје.

Денеска воопшто нема да сообраќа возот 2083 и 2082 кој вози на релацијата Скопје – Велес – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top