| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ најдобар на паркетот во првото полувреме против Голден Стејт Вориорс

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ беше најдобар на теренот во првиот дел од мечот меѓу Атланта и гостите од Сан Франциско.

Во одсуство на првата ѕвезда на тимот Ал Хорфорд кој поради повреда ќе одсуствува до крајот на сезоната Перо Антиќ со три тројки од 4 обиди и 6 скока е најдобар во тимот на Атланта.

Дополнително тој имаше и една украдена топка.

На полувремето како најдобар на теренот дотогаш беше интервјуиран од американската телевизија која го пренесува натпреварот во САД а македонските гледачи можат да ја следат на интернет.

Антиќ за прв пат вечерва средбата ја започна како стартер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top