| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев и Путин ги испробаа скијачките патеки во Сочи пред ЗОИ

Рускиот претседател Владимир Путин и Премиерот Дмитри Медведев денес ги посетија местата каде ќе бидат одржани Зимските олимписки игри во Сочи од седми до 23 февруари. Путин вчера го посети градот Волгоград на југот на Русија каде оваа недела во два бомбашки напади беа убиени 34 лица.

Руската државна телевизија прикажа како Путин и Медведев скијаат на „Убавата полјана“, каде ќе биде одржан натпреварот на отворено на ЗОИ.

Тие не скијаа на олимписките стази, туку на скијалиштето кое го поседува Гаспром, а кое се наоѓа до олимписките терени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top