Дваесет и деветгодишниот струмичанец Ѓоко П. починал синоќа откако избувнал пожар во семејната куќа во која живеел со родителите.
Според податоците на полицијата, пожарот избувнал два часа по полноќ по експлозија во кујната во која се наоѓал и Ѓоко П. Тој починал на самото место од повредите.
Неговиот 58-годишен татко П.П., по експлозијата влегол во кујната и се обидел да го извлече синот кога го видел како лежи на подот. Во обидот да се справи со огнените јазици, таткото се здобил со изгореници од прв и втор степен, но се наоѓа надвор од животна опасност.
Мајката Е.П. (55), која се наоѓала во куќата на улицата „Широк Дол“, поминала со помали повреди.
Пожарот бил изгаснат по интервенција на противпожарни екипи, а полицијата денеска ќе изврши увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.