Тирана оцени дека експлозијата со која е оштетен еден столб на далновод е „терористички чин“.
Нападот, чија мета беше еден од главните далноводи кои ја поврзува Тирана со Црна Гора се случи на 31 декември и не доведе до прекин на снабдувањето со електрична енергија. На оштетениот столб имало напишано „гориво“ и „даноци“.
– Ова е прв терористички чин во Република Албанија кој е пропратен со јасни пораки кои на местото на злосторството ги оставија сторителите- се наведува во соопштението од албанското Министерство за внатрешни работи.
Албанската социјалистичка Влада од септември, кога стапи на должност ги зголеми цените на горивата, како и даноците за големите компании и богатите граѓани.
Низа слични напади имаше пред 10 години, што предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


