| четврток, 6 декември 2018 |

Капакот штити од бактерии

toiletOд навиката за спуштање на капакот на тоалетната школка пред да пуштaње вода зависи и зачестеноста на ширењето на болестите во домот. Микробиолозите велат дека од тоалетната школка која не е поклопена може да излезе облак од микроскопско ситни бактерии кои се спуштат на блиските површини.

Тоа го зголемува ризикот од ширење на вируси, кои, на пример, предизвикуваат напади на повраќање или пречки во варењето. Стручњаците велат дека капакот со голема причина е направен да постои токму во тоалетот.

Тие спровеле истражување за патиштата на ширење на болестите. Користеле стелиризиран тоалет и го инфицирале со болничката супербактерија C. difficile. Ако капакот бил кренат во текот на пуштањето на водата, бактеријата се ширела по просторијата и се наоѓала во воздухот и 90 минути по првото пуштање вода. Иако бактеријата поминала и преку работ на поклопената школка, нејзината концентрација во воздухот била далеку помала.

Но тоа што дополнително го откриле научниците е и дека многу болници немаат капак на школката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top