Габриела и Софија се близначки родени во Канада, но во документите засекогаш ќе им бидат запишани различни години на раѓање, објави „Охрид њуз“. Габриела е последното бебе родено пред полноќ во новогодишната ноќ во болницата Вали во Мисисауги, додека малата Софија е првото кое е родено во 2014 година само неколку секунди откако стрелката на часовникот минала полноќ. Иако се родени во само осум минути разлика, родендените ќе ги слават во различни денови, една во старата а друга во Новата година.
Нивната мајка Линзи Салгуиеро рекла дека девојчињата ќе бидат пресреќни поради тоа што родендените ќе ги слават два дена. Слично им се случило и на близнаците кои ги родила Јалени Сантос Тохалино во болницата во Вашингтон. Две минути пред полноќ се родила малата Лореин, а минута после полноќ нејзиниот брат Брендон. Нивниот татко рекол дека навистина богато ја прославиле новата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


