| четврток, 6 декември 2018 |

Нов повик кон Шекеринска за претседателска кандидатура

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, во неколку наврати ја повикува потпретседателката на партијата, Радмила Шекеринска, да ја води трката за претседател на Реублика Македонија.

Во отворено писмо во дневниот весник „Утрински Весник“, и поранешниот пратеник од коалицијата на СДСМ Звонко Каров, упатува директен повик до Шекеринска да биде кандидат за претседател на РМ од редовите на СДСМ.

Каров ја критикува политиката на новото раководство на СДСМ, особено нивните мерки во сферата на економијата и оценува дека со нив не се нуди суштествена позначајна економска промена која би ја размрдала македонската економија.

Како главно одговорна за стратегијата на СДСМ тој ја гледа заменик претседателот Радмила Шекеринска и како таква треба да биде кандидатот на СДСМ за престојните избори.

– Доколку оценат како раководство дека се создадени услови за фер натпревар во избор на прв човек на државата, нека престанат со избор на натпартиска личност. Изборот на заменик –претседател на СДСМ ќе покаже многу работи и таа задача би требало да се прифати – вели Каров

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top