Тетовските полицајци, заедно со центарот за социјални работи ги избркале сите питачи од градот, меѓу кои бил и еден албански државјнаин, кој бил депортиран во Албанија.
СВР Тетово јави дека „продолжува со планираните активности за справување со питачењето, појава која и натаму е присутна во Полошкиот регион. Во акција реализирана вчера, заедно со тетовскиот Центар за социјални работи, на градските улици и тротоари биле затекнати, отстранети и потоа соодветно истретирани седум возрасни и три малолетни лица, кои питачеле на неколку места во градот. Станува збор за шест женски лица на различна возраст од Гостивар, Тетово и Скопје и за еден албански државјанин, кој непријавено претстојувал на подрачјето и кој подоцна е депортиран во неговата матична земја. На затекнатите во акцијата укажано им е на законските и други последици, предвидени за оваа незаконска и социјално-девијантна појава, а по целосното расчистување на сите поединости, тие ќе се соочат и со соодветни поднесоци“, се вели во соопштението на МВР.
СВР Тетово најавува дека и во наредниот период ќе спроведе вакви и слични активности на подрачјето, со цел за „сузбивање на оваа асоцијална, општествено девијантна појава“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



