Палестинскиот амбасадор во Чешка, Џамал ал Џамал е тешко повреден во експлозија која се случила во неговиот стан, каде престојувало и неговото семејство, јави МИА од Прага.
Според портпаролот на Амбасадата, Набил ел Фахел полицијата се наоѓа на местото на несреќата и засега не се откриваат причините поради кои дошло до експлозијата.
– Засега не знам точно каква е неговата здравствена состојба, изјави портпаролот во врска со повредите на амбасадорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


